Линкови за пристапност

САД се подготвени да се справат со заканите од непријателите и за време на пандемијата, рече Еспер


Мора да ги одржуваме подготвеноста и способноста за да ја заштитиме државата, рече американскиот секретар за одбрана

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер, во интервју за Ен-Би-Си, рече дека е убеден оти САД се 100 проценти подготвени да се справат со каква било закана од непријателите, откако во изминативе 48 часа низа акции од Иран, Русија и од Северна Кореја, ја тестирале подготвеноста на американската Армија во странство.

Еспер рече дека ова било „нормална недела“ за американската Армија.

„Мора да ја одржуваме нашата национална мисија, подготвеноста и способноста да ги заштитиме САД, бидејќи нашите непријатели не се откажуваат“, рече тој.

И генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, рече дека безбедносните предизвици не се намалени поради пандемијата на КОВИД-19, нагласувајќи дека потенцијалните непријатели ќе гледаат да ја искористат ситуацијата за да ги исполнат нивните интереси.

Пентагон соопшти дека заклучно со вчера, со војската на САД се поврзуваат 4.695 случаи на коронавирус низ светот, меѓу кои и 19 смртни случаи од Одделот за одбрана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG