Линкови за пристапност

Уште еден обид за замена на Обамакеар


Републиканците во Сенатот се надеваат дека предлогот овојпат ќе помине со гласот на потпретседателот Мајк Пенс

Со силна поддршка од Белата куќа, републиканците во Сенатот вложуваат напори за реформа на здравствената заштита и укинување на постојниот закон, познат како Обамакеар, принудувајќи ги демократите да се мобилизираат за битка за која веруваа дека ја победија.

Рокот за донесување на новиот закон за здравствена заштита истекува на 30-ти септември, а републиканското раководство во Сенатот поддржува мерка за замена на Обамакеар, преку префрлање на фондовите до 50-те сојузни држави, со цел тие да изработат свои програми за здравствена заштита.

Сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Грем изјави:

„Може да појдете кај вашиот гувернер кој ќе ве ислуша. Тие се грижат за вашиот глас, ако ништо друго. Се обидувам да ги земам парите и моќта од Вашингтон и да ги вратам назад до пациентот. Ако верувате дека влада поблиску до народот, е подобра влада, зошто не и систем за здравствена заштита – знаеме дека овој филм ќе заврши ако не промениме нешто. Ќе имаме здравствен систем заснован на поединечни партиципанти. Тоа ќе го зајакне буџетот, и ние ќе го рационализираме здравствениот систем како никогаш порано“.

Еден републикански сенатор веќе се спротивстави на предлогот, нарекувајќи го верзија на Обамакеар.

Двајца други сенатори од Републиканската партија, јавно изразија загриженост во врска со предлогот и начинот на кој нивните колеги се обидуваат да усвојат легислатива за здравствена заштита на која и припаѓаат една шестина од американската економија.

Во меѓувреме, демократите соопштија дека е потребна помош од јавноста за да биде отфрлен предлогот на републиканците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG