Американскиот државен секретар Мајк Помпео, кажа дека со вишиот севернокорејски претставник Ким Јонг Чол, кој допатува во Њујорк, имал „функционални разговори“. Средбата важи како подготовка на самитот Трамп - Ким Јонг Ун, закажан за 12-ти јуни, во Сингапур.
Помпео ова го изјави преку Твитер, по разговорите во стан во близина на седиштето на ОН.
Претседателот на САД Доналд Трамп, кажа се очекува до утре, поранешниот разузнавач на Северна Кореја да дојде во Вашингтон и лично да му достави писмо, одговор од Ким Јонг Ун.
Претходно, тој изјави дека разговорите меѓу Помпео и Јонг Чол се одвиваат добро и дека се надева дека самитот во јуни ќе се одржи според планираното.
Facebook Forum