Линкови за пристапност

Помпео и Чол разговараат за можната средба Трамп - Ким Јонг Ун


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео изјави дека имал „добра работна вечера“ со Ким Јонг Чол близок соработник на лидерот на Северна Кореја на разговори во врска со потенцијалниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и Ким Јонг Ун.

Помпео објави фотографијата во која тој се ракува со Ким Јонг Чол, како и друга фотографија на која двајцата седат во стан во близина на седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Ким Јонг Чол е највисоко рангиран севернокорејски претставник кој ги посетил САД во период од 18 години.

Ниту тој, ниту Помпео не дадоа изјава за новинарите кога пристигнаа на работната вечера. Белата куќа соопшти дека тие денес ќе имаат целодневна средба.

„Очекувам да се сретнам со Ким Јонг Чол во Њујорк за да разговарам за потенцијалниот самит на претседателот на САД и Ким“, објави претходно Помпео.

„Ние сме посветени на целосна, верифицирана и неповратна денуклеаризација на Корејскиот полуостров.“

Разговори исто така се водат во Панмунџом и Сингапур.

Меѓутоа, Белата куќа вели дека разговорите за „целосна денуклеарија на полуостровот“ не се однесуваат на американските системи за оружје - одбранбениот чадор кој ја опфаќа Јужна Кореја, каде се вклучени подморници и стратешки бомбардери способни да носат нуклеарни бомби кои се распоредени на полуостровот.

Се проценува дека Северна Кореја има повеќе од десетина нуклеарни оружја.

Ким Јонг Чол е потпретседател на моќниот Централен комитет и поранешен раководител на разузнавачката агенција на Северна Кореја.

Тој и Помпео веќе се сретнаа два пати во Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG