Објавени се последните 340 часа од тајно снимените телефонски разговори и средби на Ричард Никсон во Белата куќа.
Библиотеката и музејот на Никсон во предградието на Лос Анџелес соопшти дека овој аудио-материјал го опфаќа периодот од 9-ти април па сè до 12-ти јули 1973-та година, еден ден пред постоењето на тајниот систем за снимање на разговорите да биде обелоденет пред Сенатската комисија што вршеше истрага на скандалот Вотергејт.
Снимките се од разговори на различни теми: Вотергејт, Виетнам и средбата на Никсон со советскиот колега Леонид Брежњев.
Меѓу политичарите кои може да се слушнат на снимките се Џорџ Херберт Вокер Буш, Роналд Реган, Џералд Форд, Александер Хејг и Хенри Кисинџер.
Со ова објавување е заокружено обелоденувањето на околу 3.000 часови снимен материјал од феваруари 1971-ва до јули 1973-та.
Библиотеката истовремено обелодени и документи на 140.000 страници.