Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп оди во Мексико, на разговори со претседателот Енрике Пена Нието.
За време на кампањата Трамп се залагаше за градење ѕид на границата меѓу САД и Мексико.
Реакцијата на Нието беше дека такво нешто не може да се случи.
Кабинетот на претседателот изјави дека ги повикал и Трамп и демократската кандидатка Хилари Клинтон да разговараат за односите меѓу соседните држави.
Од кампњата на Клинтон нема одговор дали таа планира да ја прифати понуда.
Но, нејзиниот шеф за комуникации Џенифер Палмери даде изјава, во која се критикуваат изјавите на Трамп за Мексико.
Сепак, изминативе денови Трамп испрати мешани сигнали за тоа дали ќе остане на ставот да депортира 11 милиони недокументирани имигранти кои живеат во САД, назад во нивните држави.
Клинтон, пак, поддржува заштита на границата, но исто така и голема имиграциона реформа, со можност за државјанство на имигрантите кои немаат документи, а кои веќе живеат во САД.