Линкови за пристапност

Меланија Трамп ќе се залага за квалитетна грижа на децата имигранти


Многу е тажно шестгодишно дете да биде оставено само, рече првата дама, по втората посета на мигрантите на границата со Мексико

Првата дама на САД Меланија Трамп повторно ги посети мигрантите на границата со Мексико, за да се информира за условите во кои се наоѓаат илјадници лица, кои нелегално влегле во САД, вклучувјаќи ги и децата кои се одвоени од нивните родители.

Меланија го посети објектот на Американската гранична и царинска контрола, а беше вклучена и во дискусија со граничните и имиграциони официјални лица.

Минатата недела таа се сретна и со имиграционите власти источно во Тексас, за да го слишне нивното мислење за имигрантите кои влегуваат во САД.

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата администрација се соочуваат со имиграциона криза, како реузлтат на политиката „нула толеранција“, со која е афектиран секој што нелегално ја поминува мексиканската граница.

Со недели, американските патроли ги раздвојуваа децата од нивните родители, испраќајки ги во засолништа, додека родителите се приведуваат додека ги чекаат легалните процедури за евентуално добивање азил за влез во САД.

Но, соочувајќи се со реакциите во САД и во светот, по раширените снимки и фотографии од децата, на кои се слуша и гледа како плачат по нивните родители, Трамп ја стопираше таквата практика, и нареди семејствата да се држат заедно.

Сега во засолништата се наоѓаат околу 2.000 деца. Федерален судија нареди најмладите, на возраст под пет години, да бидат вратени на родителите во наредните две недели, додека сите други во рок од еден месец.

Официјалните лица и` кажаа на Меланија дека од минатиот октомври, 1.100 деца без придружба ја поминале границата кај Аризона.

„Неверојатно е шестгодишно дете да биде оставено само. Многу тажно“, рече Меланија.

По реакциите за нејзнината гардероба при првата посета на граничниот премин, овојпат првата дама носеше црн џемпер и бели пантолони.

Нејзината портпаролка Стефани Гришам изјави дека првата дама ќе продолжи да разговара за проблемите со кои се соочуваат децата имигранти, поради кои таа отпатува во Аризона.

„Ова е многу комплексно прашање. Таа тоа го препознава и се злага за квалитетна грижа на тие деца, во овие тешки услови“, рече Гришам, додавајќи дека Меланија длабоко се грижи за децата, и верува во цврсти гранични закони и еднаков третман на сите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG