Линкови за пристапност

Посветени сме на денуклеаризација на Северна Кореја, рече Блинкен


Државниот секретар на САД, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин, ги завршија разговорите во Сеул со фокус на безбедносните закани од Северна Кореја

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин ги завршија разговорите во Сеул со фокус на безбедносните закани од Северна Кореја.

„Посветени сме на денуклеаризација на Северна Кореја, намалување на заканата кон САД и другите наши сојузници, и подобрување на животот на сите Корејци, вклучувајќи ги и граѓаните на Северна Кореја, кои продолжуваат да страдаат поради распространети и систематски злоупотреби“, рече Блинкен.

Јужна Кореја е домаќин на околу 28 илјади американски војници, и за време на церемонија неделава, двете држави потпишаа договор околу трошоците за стационирање на овие сили, што станаа извор за несогласување меѓу Сеул и Вашингтон во последните години на администрацијата на Трамп.

Секретарот Остин рече дека сојузништвото останува „бетонирано“

„САД остануваат целосно посветени на одбраната на Јужна Кореја“, рече Остин.

По посетата на Сеул, државниот секретар патува во Алјаска, каде, доцна денеска, ќе се сретне со кинескиот министер за надворешни работи, што ќе биде прва билатерална средба меѓу кинески и американски официјални лица од минатиот јуни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG