Линкови за пристапност

САД ќе распоредат носачи на авиони како предупредување до Иран


Целта е да се испрати порака до Иран поради „големиот број загрижувачки и растечки индикации и предупредувања“, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон.

Соединетите Американски Држави ќе распоредат носачи на авиони на Блискиот Исток за да испратат „јасна и недвосмислена порака“ до Иран, поради како што рече советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, „големиот број загрижувачки и растечки индикации и предупредувања“.

Болтон соопшти дека „целта на тоа распоредување е да се прати јасна и недвосмислена порака на иранскиот режим дека секој напад врз американските интереси или нивните сојузници ќе биде пречекан со непопустлива сила“.

Иранските власти не реагираа на најавата на Болтон.

Администрацијата на Трамп работи на примена на „кампања за максимален притисок“ врз Иран, со цел да се обиде да ја натера земјата да го промени своето однесување, вклучувајќи го и финансирањето на Иран на терористички групи и програмата за балистички ракети која според Белата куќа е закана за САД.

Откако минатиот месец САД ја прогласија Исламската револуционерна гарда за терористичка група, Иран одговори со прогласување на САД за државен спонзор на тероризмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG