Линкови за пристапност

САД со нови санкции кон Иран


Администрацијата на Трамп верува дека санкциите ќе го принудат Техеран да преговара нов нуклеарен договор

САД денес воведоа нови санкции кон Иран, како одговор на нападот врз американските воени трупи во Ирак минатата недела. Тие најавија и други мерки кои ќе ја ослабат иранската економија, доколку Техеран продолжи да спроведува терористички акции.

Администрацијата на Трамп верува дека санкциите ќе го принудат Техеран да преговара нов нуклеарен договор, како и да го намали развојот на нуклераната програма, и да ја прекине поддршката за паравојската на Блискиот Исток.

Секретарот за финансии на САД Стив Мучин, на прес конференција во Белата куќа, изјави дека новите сакции ќе ги погодат градежната, производствената, рударската и текстилната индустрија.

Тој, исто така, нагласи дека санкциите се однесуваат и на ирански официјални лица, инволвирани во нападите врз воените бази во Ирак на осми јануари, во кои има и американски војници.

Овие напади се случија како одговор на убиството на иранскиот воен командант.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG