Линкови за пристапност

САД го отфрлаат тврдењето на Иран за правата во Персискиот Залив


Новиот командант на морнарицата на Исламската револуционерна гарда вели дека Техеран сам може да обезбеди безбедност во заливот

Виши американски претставници го отфрлија последното тврдење на Иран во врска со овластувањата во Персискиот Залив, велејќи дека Вашингтон се залага за отворени води, вклучувајќи отвореност на важните рути за извоз на нафта преку Теснецот Ормуз.

Специјалниот претставник на САД за Иран, Брајан Хук на конференција во Вашингтон која беше организирана од Фондацијата за одбрана на демократиите рече:

„Иранците долги години се закануваат дека ќе го затворат Теснецот Ормуз“ кажа тој, додавајќи дека „САД и нивните партнери ќе обезбедат Теснецот Ормуз да биде отворен за комерцијална навигација и ќе го одржат сегашниот и идниот статус на меѓународен воден пат.“

Една третина од светската трговија со нафта која се одвива по поморски пат поминува низ овој теснец.

Претходно, државниот секретар на САД Мајк Помпео на Твитер напиша дека Иран нема контрола врз Теснецот Ормуз.

Последната декларација на Иран за нивната улогата во Персискиот залив беше објавена во извештај на новинската агенција Тасним, која е директно контролирана од Техеран.

Во извештајот се цитира новиот командант на морнарицата на Исламската револуционерна гарда, Али Реза Тангсири: „Персискиот Залив е наш дом. Ние можеме да обезбедиме безбедноста во Персискиот Залив, и таму нема потреба за присуство на странски сили, како американските чиј дом не е овде“.

Говорот на Тангсири во североисточниот град Мешхад беше по повод церемонијата за неговата инаугурација.

На маргините на конференцијата, аналитичарот од Фондацијата за одбрана на демократиите Бенам Бен Талеблу последните коментари на Иран во врска со Персискиот залив ги опиша како „бомбастична реторика“, наместо показател дека Иран ќе спроведе акција против поморските сили на САД и нејзините сојузници.

Минатиот месец американскиот претседател Доналд Трамп и секретарот за одбрана, Џим Матис, упатија остри предупредувања до Иран да престане со заканите врз САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG