Линкови за пристапност

Поголема заштита на правата на Интернет


Нова повелба на правата опфаќа некои од најголемите грижи на корисниците во однос на дигиталната приватност за тоа како се собираат, користат и кој ги контролира податоците

Американската повелба на правата, ратификувана во 1791 година, ги заштити со законот правата на говор, здружување и верско изразување.

Сега некои лидери од Конгресот повикуваат на нова повелба, прилагодена на интернет ерата.

Целта е да се заштитат личните податоци.

Демократот Ро Кана, претставник на Калифорнија во Конгресот, во чиј округ има голем број технолошки фирми, неодамна издаде листа со десет принципи како дел од нејзината ,,Повелба на правата на интернет”.

,,Треба да имаш право на пристап и да знаеш како се употребуваат личните податоци од страна на компаниите”, вели Кана.

Застапниците за поголема заштита на приватноста долго време ги критикуваат интернет-компаниите за тоа како управуваат со корисничките податоци и за тешкотиите што многу луѓе ги имаат при превземањето на контрола врз нивните информации. Оваа дискусија се засили во последните месеци, особено откако американските технолошки компании, како Фејсбук и Гугл, се соочуваат со прекршувања во однос на податоци од висок профил, што ја поткопа довербата на потрошувачите.

Покрај ова, интернет компаниите се соочуваат со нови закони за приватноста и безбедноста.

Нов калифорниски закон за приватноста на интернет, кој ќе стапи на сила во 2020 година, им овозможува на корисниците поголема контрола над нивните податоци и поголема можност да ги тужат компаниите. Државните регулатори ќе имаат поголема моќ да наметнуваат казни за компаниите кои што го прекршуваат законот, што им овозможува на корисниците да им наложат на компаниите да ги избришат или да не ги споделуваат нивните податоци.

Новиот калифорниски закон се опишува како најстрога регулатива за приватноста во државата, иако не е со толку голем опфат како Европската регулатива за заштита на податоци, која стапи на сила на почетокот на годината.

Другите американски држави, како Охајо, неодамна го усвоија Законот за кибернетска безбедност. На сведочењето во Конгресот во септември, извршните директори на Епл, Амазон, Твитер и други компании изразија поддршка на федералните закони.

Со неговата повелба на правата, Кана, опфаќа некои од најголемите грижи на корисниците во однос на дигиталната приватност за тоа како се собираат, користат и кој ги контролира податоците.

Меѓу правата ќе бидат и можноста да се ,,пренесуваат сите лични податоци од една мрежа на друга” и известувањето за ,,нарушување на безбедноста” и ,,неовластен пристап до личните податоци”.

Едно од правата на Кана има навидум мала врска со приватноста, но се занимава со пристапот на корисниците на интернет. Тоа ќе ја обнови ,,веб неутралноста” преточувајќи ја во закон, а не пропис кој ќе може да биде променет од секоја нова власт. На провајдерите на интернет услуги ќе им биде забрането да вршат ,,блокирање, давање приоритет како платена услуга, или на било кој друг начин неправедно фаворизирање на содржини, апликации, услуги или уреди.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG