Линкови за пристапност

„За особена храброст и лидерство“


Стејт департментот го одбележи 8-ми Март чествувајќи деветмина истакнати жени од светот.

САД го одбележуваат 8-ми март, Меѓународниот ден на жената, со чествување на девет активистки од разни краеви на светот „за особената храброст и лидерство“ во промовирањето на правата и моќта на жените.

Државниот секретар Џон Кери и првата дама Мишел Обама беа домаќини на церемонијата „Жени на храброст“ во Стејт департментот.

Меѓу почестените е Малалаи Бахадури, првата жена во Националната единица за борба против наркотици на Авганистан. Стејт департментот наведува дека и покрај нејзините постигнувања, оваа мајка на три деца поради својот професионален избор била изложена на смртни закани, физичко малтретирање и општествени предрасуди.

Авторката од Тибет Церинг Восер, пак, ќе добие признание за истакнувањето на состојбата со човековите права во Кина. Таа е под постојана контрола на полицијата и во куќен притвор и не можеше да присуствува на церемонијата затоа што кинеските власти не и` издадоа пасош.

Другите добитнички на наградите на церемонијата што традиционално се одржува од 2007-ма година се од Хондурас, Нигерија, Русија, Сомалија, Сирија, Виетнам и Индија.
XS
SM
MD
LG