САД денес го слават Денот на независноста. 242-та годишнина од одвојувањето од Британија, американскиот народ ќе ја одбележи со пикнизи, паради и огномети низ целата држава.
Претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија ќе бидат домаќини на припадници на Армијата и нивните семејства, за кои ќе биде организиран пикник во Белата куќа.
Одбележувањето на 4-ти јули вклучува традиционално читање на Декларацијата за независност на скалите пред Националниот архив во Вашингтон.
Внатре во Архивот, пак, е изложен оригиналниот документ, заедно со Уставот, со цел јавноста да може одблизу да ги види.
Кусо по читањето на Декларацијата за независност, илјадници луѓе ќе парадираат до Белата куќа и споменикот на првиот претседател Џорџ Вашингтон.
Вашингтон ќе организира концерт пред Конгресот, на кој ќе настапат Чита Ривера (Chita Rivera), Енди Грамер (Andy Grammer) и многу други, како и Националниот симфониски оркестар.
Прославата ќе заврши со огромен огномет, кусо по зајдисонце.
Facebook Forum