Сенатска експертска група ја разгледува опцијата за голема реформа на имиграционите закони во САД. Тоа е дебата што најверојатно ќе трае со месеци и ќе биде едно од главните прашања со кои Конгресот ќе се занимава годинава.
Претседателот Барак Обама се залага за спроведување на имиграциони реформи што би овозможиле 11 милиони недокументирани странски државјани во САД да станат американски државјани. Група демократски и републикански законодавци изготви нацрт пакет за промени со кои се повикува на поостри погранични безбедносни мерки и забрана за работодавците да најмуваат лица кои во земјата се нелегално.
Предложените реформи се очекува да наидат на жестока реакција од други законодавци, главно конзервативни републиканци.