Линкови за пристапност

Нов обид за укинување на Обамакеар


Републиканците планираат да направат процедурално гласање неделава, откако претходните обиди не добија доволно поддршка

Сенатските републиканци неделава планираат да направат уште еден обид во насока на укинување и замена на Законот за здравствена заштита на поранешниот претседател Барак Обама, познат како Обамакеар.

Изминатиов месец, Сенатот виде две верзии на предолг-закони за здравствена заштита. Со едната се предвидува укинување и замена на програмата позната како Обамакеар, и друга, со која се планира двегодишен период за укинување, со цел да им даде време на законодавците.

И двата предлог- закона се соочија со целосен отпор од демократите, како и отпор од републиканците, кои го стопираа законодавниот процес

Сенаторот Џон Тун, еден од 52-та републиканци во Сенатот, вчера изјави дека лидерот на мнозинството Мич Меконел, во текот на неделата ќе одржи процедурално гласање за предлог- законот за здравствена заштита, со која ќе се отвори дебата по ова прашање.

Она што не е јасно е кој предлог-закон ќе биде предмет на гласање. Во мај, Претставничкиот дом усвои свој Закон за укинување и замена.

Републиканците кои се противат на тековните предлози за замена, се оние кои велат дека мерките не се доволни за да го заманат постоечкиот Закон, додека други велат дека предложените измени одат премногу далеку, во намалувањето на владината програма за здравствена заштита за сиромашени лица, позната како Медикејд.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG