Линкови за пристапност

Суд во Калифорнија ја отфрли забраната за истополови бракови


Суд во Калифорнија ја отфрли забраната за истополови бракови
Суд во Калифорнија ја отфрли забраната за истополови бракови

Забраната беше изгласана како референдумско прашање на изборите во сојузната држава во 2008-ма.

Апелационен суд во Калифорнија одлучи дека забраната за истополови бракови, што како референдумско прашање ја изгласаа жителите на изборите во оваа сојузна држава во 2008-ма, е противуставна.

Судииите во вчера донесена одлука наведуваат дека забраната, позната под името Предлог бр.8, не служи за ништо друго освен да го снижи „статусот и човековото достоинство“ на хомосексуалците во Калифорнија. Двајца судии во Советот што ја донесе одлуката гласаа за, а еден против. Судијата кој беше против образложи дека владата би можела да има има „легитимна причина“ да го ограничи стапувањето во брак на лица од ист пол.

Поддржувачите на истполови бракови ја поздравија одлуката, додека поддржувачите на Предлогот бр.8 најавија жалба, или до повисок суд во Калифорнија, или директно до Врховниот суд на САД. Сепак, некои правни аналитиачри наведуваат дека Врховниот суд можеби ќе реши да не расправа по прашањето, бидејќи одлуката во конкретниов случај се однесува само на Калифорнија. Судиите во одлуката наведуваат и дека Предлогот бр.8 бил незаконски затоа што одзел право што веќе било дадено. Предлогот бр.8 беше изгласан во 2008-ма со 52% од гласовите, само неколку месеци откако Калифорнија веќе ги одобри истополовите бракови.

Сенаторката од Калифорнија Дајен Фајнстејн за Гласот на Америка коментираше дека одлуката, иако донесена со тесно мнозинство, укажува на пошироко прашање – дека ниту еден закон не може да го промени уставно загарантираното право на подеднаква заштита според законот.

Хомосекусалните двојки се` уште не ќе можат да склучуваат бракови во Калифорнија, се` додека трае процесот на обжалување. Склучувањето на такви бракови во моментов е дозволено во неколку сојузни држави и главниот град Вашингтон.

XS
SM
MD
LG