Линкови за пристапност

Иран и Русија се обидуваат да се мешаат во изборите во САД, соопшти Агенцијата за разузнавање


Директорот Џон Ратклиф рече дека дел од активностите биле насочени да се заплашат гласачите, да се поттикнат социјални немири и да му наштетат на претседателот Трамп

Агенцијата за разузнавање на САД ги обвинува Русија и Иран за обид за користење на податоците на гласачите, со цел да направи конфузија пред претседателските избори на трети ноември.

Директорот Џон Ратклиф, на прес-конференција, им вети на Американците дека ќе бидат преземени мерки кон секоја држава што ќе се обиде да се меша во САД.

„Имаме потврда дека некои податоци на регистрирани гласачи биле земени од Иран и од Русија“, рече тој, додавајќи дека двете држави презеле конкретни активности да влијаат на јавното мислење во врска со изборите.

Ратклиф не кажа како Русија ги користела информациите, но, ги обвини иранските хакери за активности во изминативе 24 часа, нагласувајќи дека некои од нив биле со намера да му наштетат на претседателот Доналд Трамп.

„Веќе видовме имејлови кои ги праќа Иран со цел да ги заплаши гласачите, да поттикне социјални немири, и да му наштети на претседателот Трамп“, рече Ратклиф.

Иранското министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата како неосновани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG