Линкови за пристапност

Њујорк – оптимизам и страв пред резултатите


Њујоркчани, кои живеат во најлибералната територија во поделената држава, имаат измешани чувства за крајниот исход од изборите

Оваа изборна година мирните собири не беа секогаш случај, а медиумите беа преплавени со говор на омраза.

Во Њујорк, кој е домаќин на претседателските кандидати на изборниот ден, граѓаните се подготвени за најлошото.

Полицијата и градоначалникот тврдат дека се внимателни и се подготвени да реагираат доколку е потребно.

Во исто време во центарот на Менхетн, на одлучувачката ноќ за Америка, весела атмосфера ги прикрива стравот и несигурноста – двојки лизгаат на мраз, продавачи на празнични дребулии и музика на Френк Синатра во позадина.

Њујоркчани, кои живеат во најлибералната територија во поделената држава, имаат измешани чувства на оптимизам, очигледна претпазливост и подготвеност да гласаат.

Огромен стрес

За Сујат Кима, сопственик на мал бизнис, кој потекнува од Кашмир, изборното искуство е многу стресно.

Во сериозен обид да не го спомне кандидатот, кој тој го преферира, ги откри неговите бои.

„Ако друга личност ја презеде функцијата, за која не одговара, ако тој стане претседател, тогаш навистина ќе биде многу лошо“, рече Кима.

Разочарани, но се` уште гласаат

Обезбедувач во парк во Њујорк, кој не сака да го открие неговото име, изрази презир кон двајцата кандидати Клинтон и Трамп.

„Од сите 24 милиони луѓе во САД, единствениот квалификуван кандидат е Хилари? Од сите квалификувани жени?“, рече обезбедувачот, нагласувајќи дека ниту еден од кандидатите не ги разбираат потребите на Американците.

Сепак, тој рече, дека планира да гласа.

Градоначалникот апелира: Гласајте

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио утрово го посвети да се обезбедат сигурносни мерки во градот.

„Некои од работите што ги видовме и слушнавме оваа година се проблематични и разочарувачки. Но, јас сум овде да ве потсетам дека ние сме подобри од тоа. Кога демократијата е доведена во прашање, тоа е уште една причина да се биде вклучен“, рече де Бласио.

Тој нагласи дека треба да се убедат оние што не се сигурни дека ќе гласаат.

„Кажете им дека гласањето е важно и лично. Помогнете ни` да направиме држава каква што заслужуваме“, порача де Бласио.

XS
SM
MD
LG