Линкови за пристапност

Намалена невработеноста во САД


Во октомври невработеноста паднала на пет проценти, што е најниско ниво во изминатите седум години.

Во САД, во октомври, пазарот на труд нагло се подобрил со додавање 271.000 работни места, по три месеци слаб растеж.

Владата соопшти дека невработеноста во државата паднала за една десетина од процентниот поен, на пет проценти, најниско за последните седум години.

Најголемата светска економија го остави зад себе бавниот индустриски сектор, покажувајќи силен растеж на работни места во секторот на професионалните и бизнис услуги, здравствената грижа, малопродажбата, прехранбениот сектор и градежништвото.

Аналитичарите предвидуваа многу послаб напредок минатиот месец, со околу 167.000 нови вработувања месечно за периодот од јули до септември.

Убедливиот растеж од октомври може да отвори пат Централната банка на САД да реши да ја зголеми главната каматна стапка следниот месец.

XS
SM
MD
LG