Линкови за пристапност

Во јуни опаднала невработеноста во САД


За 0.2% на 6.1%; подобар резултат отколку што предвидуваа повеќето економисти

Невработеноста во САД во јуни паднала на 6,1%, за 0.2% помалку од минатиот месец.

Денеска објавениот извештај на владиниот Оддел за труд наведува и дека минатиот месец биле отворени 288.000 нови работни места. Според владините аналитичари, нови вработувања имало во разни сектори, но највеќе во професионалните услуги, малопродажбата, прехранбената индустрија и здравствената заштита.

Ова е подобар резултат отколку што предвидуваа повеќето економисти. Податоците можеби се показател дека најголемата економија во светот закрепнува од последиците на невообичаеното студената зима што на почетокот на годинава го забави растежот.

XS
SM
MD
LG