Линкови за пристапност

Невработеноста во САД паднала на најниско ниво за последните 6 години


Владата вели дека 312.000 невработени се пријавиле за прв пат за компензација минатата недела, што е за 6.000 помалку од неделата пред тоа.

Бројот на Американци кои користат бенефиции заради невработеност падна на најниско ниво за повеќе од шест години.

Американскиот Оддел за труд во четврток кажа дека 312.000 невработени работници се пријавиле за прв пат за компензација минатата недела, што е за 6.000 помалку од неделата пред тоа.

Тоа остава 2,5 милиони Американци кои земаат ваква компензација, што е најниска цифра од октомври 2007-ма, два месеци почетокот на најголемата рецесија.

Раководителката на државната Централна банка, Џенет Јелен од Федералните резерви, во среда кажа дека американската економија одново напредува по застојот по тешката зима порано во 2014-та. Таа кажа дека креаторите на политиката на банката очекуваат најголемата светска економија да напредува дури побрзо во следниве две години.

Американскиот пазар на труд забрза неодамна, додавајќи повеќе од 200.000 работни места месечно последните два месеци, што е прв таков скок на силно вработување од доцните 1990-те.
XS
SM
MD
LG