Линкови за пристапност

Инфлацијата во САД декември нараснала за 0,3%


Но, во текот на целата 2013-та изнесувала само 1,5%, според најновите владини податоци.

Животните трошоци во САД се зголемиле минатиот месец, но во текот на целата 2013-та нараснале за само 1,5%.

Владиниот Оддел за труд во денес објавениот извештај наведува дека цените во декември нараснале за 0,3%, што е најмногу во последниве шест месеци, а што најповеќе се должи на поскапувањето на бензинот и кириите.

Инфлацијата во 2013-та била на најниско ниво последниве три години - 1,5%. Американската централна банка - Федералните резерви прогнозираа дека таа ќе изнесува 2%. Претставници на Резервите соопштија дека го следат овој износ за да не се симне на премногу ниско ниво.

Изминативе години инфлацијата стагнираше заради бавниот економски растеж и високата невработеност. Тоа ги спречи трговците да ги зголемат цените во малопродажбата. Нивото на невработеност постепено опадна на 6,7%, но тоа главно се должи на фактот дека лицата кои подолго време се без работа, се откажале дека ќе ја најдат и не се вклучени во пресметката.

Федералните резерви, но и приватни економисти во САД предвидуваат дека најголемата економија во светот годинава ќе нарасне за 3%, што е побрзо темпо од 2013-та.
XS
SM
MD
LG