Линкови за пристапност

Забрзан раст на американската економија


Најголемата светска економија во второто тримесечје од годината имала раст од 2,6 проценти

Американската економија во април, мај и јуни растела со забрзано темпо, 2,6 проценти на годишно ниво, се вели во новиот извештај на Одделот за трговија.

Во денеска објавениот извештај за бруто домашниот производ (БДП), се вели дека потрошувачката на приватните лица и бизнисите му помогнале на растот.

Во извештајот се мерат сите добра и услуги на национално ниво, и се смета за најширока проценка за економската состојба. Овој извештај е заснован на прелиминарни податоци, и може да биде ревидиран кога ќе бидат достапни поцелосни информации. Слична проценка за нивото на БДП беше направена за јануари, февруари и март, која покажа дека растот тогаш бил послаб, отколку што првично се мислеше.

Претседателот Доналд Трамп за време на кампањата вети раст на економијата од 3 проценти и повеќе, преку кратење на регулативите, даноците и големите програми за здравствена заштита, воедно трошејќи повеќе на инфраструктурата. Иако тој скрати дел од регулативите, поголем дел од неговата економска агенда е заглавена во Конгресот, иако Претставничкиот дом и Сенатот се под контрола на републиканците.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG