Линкови за пристапност

Нови работни места, но невработеноста од 7,8 на 7,9%


Според најновите, месечни владини податоци за економската состојба во САД.

Стапката на невработеност во САД во октомври нараснала од 7,8 на 7,9%, иако биле отворени нови 171.000 работни места.

Ова се податоци од денес издадениот, редовен владин месечен извештај за економската состојба - последен пред изборите.

Претседателските кандидати посветија огромен дел на предизборната кампања на тоа кој има подобра економска политика.

Републиканскиот претендент Мит Ромни изјави дека порастот на невработеноста од 0,1% е потсетник дека економијата практично тапка во место.

На митинг во сојузната држава Охајо, претседателот Барак Обама подвлече дека бројот на нови работни места во октомври е најголем последниве осум месеци, што го оцени како вистински напредок, но додаде дека треба да се стори уште многу за да зајакне економијата

Од Втората свтеска војна наваму, ниту еден претседател не добил втор мандат со стапка на невработеност над 7,4%.
XS
SM
MD
LG