Линкови за пристапност

Економијата во третиот квартал нараснала за 2%


Малку повеќе отколку што предвидуваа аналитичарите.

Американската економија во периодот јули-септември пораснала за 2%, со малку побрзо темпо отколку што предвидуваа економистите.

Владата соопшти дека порастот се должи на зголемената потрошувачка активност, на која инаку отпаѓаат 70% од најголемата економија во светот. Американските економисти најавуваа дека економијата ќе нарасне за 1,8% во третиот квартал - благо зголемување од 1,3% колку што беа регистрирани во периодот април - јуни.

Зголеменото трошење на одбранбени проекти и подемот во изградбата на нови домови исто така придонеле за порастот.

САД мака мачат да се опорават од рецесијата што започна во 2008-ма и која прерасна во најголемото економско забавување од Големата депресија 1930-тите. Повеќе од 12 милиони лица и натаму се без работа и скромниот растеж не успеа значително да ја намали високата стапка на невработеност.

Состојбата на американската економија и перцепцијата на гласачите за неа се централно прашање во американската претседателска кампања.

Претседателот Барак Обама тврди дека економијата закрепнува, но републиканскиот предизвикувач Мит Ромни најавува своја политика за која тврди дека ќе ја зајакне стапката на растеж и отворањето на нови работни места и ќе доведе до побрз економски напредок.
XS
SM
MD
LG