Жителите на американските сојузни држави Алабама, Арканзас и Мисисипи се справуваат со последиците на серија торнада во претходните два дена во кои загинаа 21 лице, а многу домови и деловни објекти беа срамнети со земјата.
Десетици илјади лица понеделникот останаа без електрична енергија во централниот и јужниот дел на земјата. Екипите за итна помош во Алабама во текот на ноќта трагаа по преживеани, и покрај опасноста од нови торнада.
Торнадо понеделникот во местото Тапело во Мисисипи уништи стотици домови и нанесе штета на електричната инфраструктура. Невремето подоцна мина и низ Атина во Алабама, каде загинаа две лица.
Најтешко беа погодени преградијата на Литл Рок во Арканзас неделата. Властите сопштија дека таму загинале најмалку 15 лица.
Претседателот Барак Обама изрази сочувство на семејствата на загинатите и најави федерална помош за обнова и изградба.