Линкови за пристапност

„Kибернетски понеделник“ во САД - на повидок нов рекорд во потрошувачката


Во САД денеска е таканаречен „кибернетски понеделник“, ден кога купувачите за празничната сезона можно е да постават нов рекорд во порачките на производи преку интернет.

Со зголемување на примањата, ниската стапка на невработеност и силната потрошувачка доверба, според анализи на „Адоби аналитикс“ (Adobe Analytics), купувачите денеска можно е да потрошат 6,6 милијарди, што е за 16 проценти повеќе од минатата година.

Во САД има континуирано зголемување на бројот купувачи кои претпочитаат шопингот да биде исклучително преку интернет, за да ги избегнат преполните трговски центри.

Националната федерација за купопродажба предвидува дека потрошувачката во ноември и декември можно е да се зголеми за 4 проценти, споредено со период од повеќе од една година, и да достигне ниво од 682 милијарди долари. Со тоа, оваа празнична сезона ќе важи за најголема (од потрошувачка гледна точка), од 2014-та година, наваму.

Трендот главно се должи на ниската стапка на невработеност во земјата, што во октомври беше на 4,1 процент, најмала изминативе 17 години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG