Линкови за пристапност

Сојузните држави бараат поголема помош од федералната влада на САД за справување со коронавирусот


Гувернерите велат дека сојузната влада заостанува во обезбедувањето на опремата што им е потребна во борбата против коронавирусот, додека Вашингтон вели дека снабдувањето тече

Здравствените експерти се согласни - потребна е најмалку една година за да се добие вакцина за коронавирусот. Државите сега мора да се подготват за очекуваното оптоварување на нивните здравствени системи поради пораст на заболените.

Во САД, покрај подготовките, има и критики. Државите велат дека федералната влада не прави доволно, додека таа тврди дека се преземаат сите напори.

„Испорачуваме од нашите национални залихи, од добавувачите, од донации... Побарувачката од гувернерите е голема. Побарувачката низ целиот свет е голема “, вели Пит Гајнор од ФЕМА.

Улиците во повеќето градови се празни и се повеќе држави секој ден издаваат наредба граѓаните да останат дома. Гувернерите велат дека помошта од федералните власти не стигнува доволно брзо.

„Очајно ни треба повеќе опрема за лична заштита. Имавме големо побарување од стратешките залихи на Белата куќа. Ни дадоа дел од тоа што го баравме. Но, потребна ни е многу повеќе опрема за да ги заштитиме нашите здравствени работници и да ги лекуваме болните“, вели гувернерот Фил Марфи, демократ од Џу Џерси.

„Животи ќе бидат загубени поради тоа што не бевме подготвени. Но, сега мора да ги решаваме проблемите. Потребна ни е помош од федералната влада да се осигураме дека имаме се што ни треба за нашите четири провајдери во првите редови, како и респиратори за луѓето кои ќе страдаат“, вели гувернерката Гречен Витмер, демократка од Мичиген.

На вечерната прес конференција во неделата, претседателот Трамп повторно го употреби изразот „кинескиот вирус“. Тој нагласи дека залихите се на пат кон државите, а некои се веќе испорачани.

„Големи количини медицинска опрема и материјали се на пат до овие држави, вклучувајќи и респиратори, хирушки маски и наметки, маски за лице и ракавици, при што големи количини се испорачани во Вашингтон и Њујорк“, рече Трамп.

Процентот на инфицирани продолжува да расте заедно со бројот на жртви кој се искачи над 14.000.

Гувернерот на најтешко погодениот регион во Италија вели дека здравствениот систем таму е притиснат до работ, поради преголемиот број случаи кои ги оптоваруваат здравствените работници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG