Линкови за пристапност

САД настојуваат да ја прошират употребата на податоци во борбата против Ковид-19


Американски законодавци велат дека секоја употреба на податоци мора да биде проследена со заштита на приватноста

Американските законодавци и групите за заштита на човековите права изразија загриженост во врска со заштитата на приватноста и граѓанските слободи бидејќи здравствените власти ги проучуваат искуствата на Кина, Јужна Кореја и други нации кои вршат анализа на големи податоци во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Досега САД имаа ограничено користење на достапните податоци за борба против пандемијата. Наместо да користат податоци за локацијата на мобилните телефони, за да ги следат лицата изложени на вирусот, здравствените власти се потпираа на ваквите податоци за да ги следат трендовите и жариштата.

Но, откако ќе се исклучи бројот на нови случаи на Ковид-19 и администрацијата на Трамп и гувернерите ќе ги укинат мерки воведени поради пандемијата, вклучително и социјалното дистанцирање, техниките за следење на контактите користени со различен степен на успех во други држави, најверојатно, ќе добијат на вредност во САД.

Следењето на контактите е јавна здравствена постапка за идентификување на лица кои дошле во контакт со заразено лице и последователно за собирање на дополнителни информации за овие лица.

„Епл“ и „Гугл“ во петокот ги објавија плановите за развој на заедничка апликација за следење контакти со користење на Блутут технологија.


Џенифер Граник, советничка за надзор и компјутерска безбедност при Американската унија за граѓански слободи, рече дека следењето на контактите може да биде корисно кога тестовите за изложеност на вирусот ќе станат пошироко достапни.

Но, таа предупреди дека секоја употреба на телефонски записи мора да биде транспарентна и доброволна и дека податоците мора да бидат уништени откако кризата ќе заврши.

„Кога собирањето податоци е корисно за јавно добро, ние мора да бидеме сигурни дека можеме да ја заштитиме приватноста што е можно повеќе и да се врши ефикасно користење на алатката или податоците“, рече Граник.

Две години откако Европската унија воведе значајна регулатива за приватност, позната како Општа регулатива за заштита на податоците, законодавците вршат притисок за слична заштита за американските потрошувачи.

Сега, зголемениот фокус на употребата на податоци во борбата против вирусот КОВИД-19 ја зголемува загриженоста за заштитата на приватноста во прв план.

Во четвртокот, Сенатската Комисија за трговија, наука и транспорт ја свика првата конгресна расправа преку Интернет при што тема беа големите податоци и коронавирусот. Во својата изјава, сенаторот Роџер Викер од Мисисипи, претседател на комисијата, рече дека секоја употреба на лични податоци мора да биде проследена со заштита на приватноста.

Сенаторката Марија Кантвел од државата Вашингтон, предупреди на „избрзани одлуки з огромни, неповрзани бази на податоци“.

„Епл“ и „Гугл“ во петокот ги објавија плановите за развој на заедничка апликација за следење контакти со користење на Блутут технологија. Апликацијата им овозможува на корисниците да ја пријават својата позитивна дијагноза и да примаат предупредувања кога се во близок контакт со заразено лице.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG