Американскиот Сенат во четвртокот ја потврди номинацијата на претседателот Доналд Трамп за американската Агенција за глобални медиуми, USAGM, федерална агенција која врши надзор на Гласот на Америка и други меѓународни ентитети за емитување програма.
Пек има искуство во медиумите и со служење како директор на WORLDNET, глобална сателитска мрежа на Американската информативна агенција што подоцна стана телевизиска единица на Гласот на Америка.
Сенатот со републиканско мнозинство даде зелено светло за конзервативниот режисер на документарни филмови Мајкл Пек да раководи со агенцијата во наредните три години.
Номинацијата на Пек беше во разгледување две години, и задржувана делумно заради загриженоста на демократите во врска со наводни финансиски постапки во неговите бизниси.
Преку неговата компанија Manifold Productions, Inc., Пек напишал, режирал и продуцирал голем број документарци, од кои многу се прикажувани на јавната телевизија, PBS. Тој бил директор на конзервативниот Клермонт институт и имал функции во повеќе истакнати институции. Тој исто така работел на филмски проект со поранешниот главен стратег на Трамп и коосновач на Breitbart News, Стивен Банон.
Пек има искуство во медиумите и со служење како директор на WORLDNET, глобална сателитска мрежа на Американската информативна агенција што подоцна стана телевизиска единица на Гласот на Америка.
На распитот за негово потврдување во септември, Пек се осврна на загриженоста дека би се обидел да воведе политичка пристрасностна агенциите на USAGM вклучувајќи ја и Гласот на Америка, која со закон има мандат да биде објективна и балансирана во известувањето, велејќи дека „целата агенција се заснова на верувањето дека новинарите се слободни и дека никакво политичко влијание не им кажува како да известуваат и што да кажат. Без таа доверба, агенцијата го губи значењето“, Пек им кажа на членовите на комисијата.