Линкови за пристапност

САД и Кина најавија намалување на загадувањето


Планот би можел да одигра клучна улога во глобалните напори против климатските промени

Претседателите на САД и Кина го крунисаа самитот во Пекинг со план за намалување на загадувањето. Денешната најава на двете земји, инаку најголеми емитувачи на јаглерод-диоксид, би можела да игра клучна улога во глобалните напори против климатските промени.

Претседателот Барак Обама кажа дека САД се согласиле да го намалат испуштеното количество на јаглерод-диоксид за 26 до 28% до 2025-та, што е двојно повеќе од сегашната стапка на намалување на загадувањето. Претседателот Ши Џинпинг најави дека количеството на штетен гас во Кина ќе достигне врв во 2030-та, по што ќе почне да се намалува. Ова е по првпат Кина, којашто е најголемиот загадувач во светот, да се нафати на конкретен датум.

Во мислење објавено во Њујорк тајмс, американскиот државен секретар Џон Кери наведува дека најавата ќе претставува импулс за глобалните климатски разговори што ќе продолжат наредниот месец во Перу, а ќе кулминираат наредната година во Франција.

На прес-конференцијата во Пекинг, Обама ја нарече спогодбата „клучен момент во американско-кинеските односи“ и додаде дека таа покажува што може да сторат двете земји кога соработуваат. Обама го пофали и кинескиот претседател за, како што оцени, неговата подготвеност да дискутира за темите што ги затегнаа односите меѓу вете најголеми економии во светот.

XS
SM
MD
LG