Линкови за пристапност

Обама се фокусира на позитивните аспекти во односите со Кина


Во говорот на Самитот на Азиско-пацифичка соработка во Пекинг

Американскиот претседател Барак Обама вели дека Вапингтон го поздравува подемот на просперитетна и мирољубива Кина. Тој ова го нагласи во говорот пред деловни водачи на Самитот на Азиско-пацифичка соработка (АПЕК) во Пекинг.

Обама денес најави нова визна политика со Кина што ќе ја продолжи важноста на краткорочните туристички и деловни визи од една на десет години. Тоа е најдолга важност согласно американскиот закон. Претседателот воедно најави продолжување на важноста на студентските визи и визите за студиска размена, од една на пет години. Новата политика ќе стапи на сила на 12-ти ноември.

Првиот човек на САД допатува во посета на Пекинг во време на затегнати американско-кинески односи по редица прашања, од кибернетската шпионажа па се` до човековите права. Истовремено, кинеските водачи се под впечаток дека САД, преку ребалансирање на своите сили на Пацификот, се обидуваат да ја спречат Кина во подемот.

Според дневниот ред на посетата, Обама ќе се сретне со кинескиот колега Ши Џинпинг во вторник.

Обама за време на посетата ја подвлекува и посветеноста на азиско-пацифилкиот регион. Тој во Американската амбасада во Пекинг беше домаќин на состанок со регионалните водачи, посветен на трговската зона Транспацифичко партнерство во којашто учествуваат 12 земји. Зоната е контроверзна бидејќи ја исклучува Кина и конкурира на планот на Пекинг за азиска слободна трговска зона.

XS
SM
MD
LG