Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска кажа дека и натаму останува планот за воведување 25 проценти царини за увоз на кинески технолошки производи во вредност од 50 милијарди долари, со што се интензивира трговскиот спор меѓу двете најголеми економии во светот.
Трамп досега на неколкупати рекол дека трговската пракса на Кина не е фер.
„Царините се од суштинско значење, за спречување на понатамошни нефер трансфери на американската технологија и интелектуална сопственост во Кина, со што ќе се заштитат американските работни места“, истакна Трамп преку соопштение на Белата куќа.
Кина најави дека ќе се „одмазди“ со царини во висина од 50 милијарди долари за американските производи. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, рече дека Пекинг веднаш „ќе ги преземе неопходните мерки за одбрана на легитимните права и интереси“.
Кина воедно состави листа американски производи во вредност од 50 милијарди долари, коишто ќе бидат цел на повратните царини, вклучувајќи и земјоделските производи, што би можело да и` наштети на големата база гласачи на претседателот Трамп во руралните средини.
Facebook Forum