Линкови за пристапност

САД со можни царини за кинескиот увоз


Постои веројатност чекорот да доведе до повратни мерки од Кина во износ од 50 милијарди долари

Претседателот на САД Доналд Трамп, денеска се очекува да објави казнени царини за десетици милијарди долари кинеските производи.

Трамп вчера се сретна со неколку членови на Кабинетот и трговски советници, и се очекува да воведе царини во износ од најмалку 35 до 40 милијарди американски долари од кинескиот увоз.

Ако претседателот реагира како што се очекува, тоа би можело да доведе до одмазда од Пекинг, вели Џејкоб Паркер од Советот за бизнис на САД и Кина.

„Постои ризик ако САД воведат царини против Кина, таа веднаш да одговори со царини во ист износ за американските производи, кои се увезуваат во Кина“, изјави тој.

Износот би можел да достигне и до 55 милијарди американски долари, вели претставник од индустријата.

Потенцијалната одмазда на Кина би била во износ од 50 милијарди американски долари за американските производи.

Американски официјални владини лица, сигнализираа поддршка за наметнување на царини во спорот околу обвинувањата дека Пекинг врши притисок врз странските компании да ја предадат технологијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG