Еден ден откако американските власти објавија дека четворица припадници на кинеската војска се соочуваат со обвиненија за хакирање на американскиот гигант за кредитно известување „Еквифакс“, Пекинг негира каква било вмешаност во наводната шема.
Но, јавниот правобранител на САД, Вилијам Бар изјави дека припадниците на кинеската војска украле лични податоци на скоро половина од сите Американци во 2017 година.
Во една од најголемите кражби на податоците во историјата, четворицата кинески хакери се обвинети за нелегално пробивање на компјутерските мрежи на агенцијата „Еквифакс“ со седиште во Атланта, крадејќи лични информации на 145 милиони Американци. Четворицата се исто така обвинети за кражба на трговски тајни, вклучително и дизајни на бази на податоци.
Facebook Forum