Линкови за пристапност

Трамп најави можна извршна наредба за прашањето за државјанство во пописот


Претседателот, исто така, ја остави отворена опцијата прашањето за државјанство да се додаде подоцна

Претседателот на САД Доналд Трамп размислува да издаде извршна наредба, со која прашањето за државјанство ќе се додаде во пописот.

„Работиме на многу работи, вклучувајќи и извршна наредба“, изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Претседателот, исто така, ја остави отворена опцијата прашањето за државјанство да се додаде подоцна.

Вклучување на ова прашање во пописот предизвика реакции дека ќе може да ги дискриминира малцинствата.

„Би можеле да почнеме со печатење сега, и може подоцна да направиме дополнување, откако ќе имаме позитивна одлука“, рече Трамп, нагласувајќи дека има четири или пет начини како неговата админситрација би можела да го додаде ова прашање во пописот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG