Линкови за пристапност

Брет Кавана: Судиите треба да го толкуваат законот, а не да донесуваат закони


.
.

Пред сенатската Комисија за правосудство, номинираниот судија за член на Врховниот суд ја изложи својата судска филозофија

Номинираниот судија за Врховниот суд на САД, Брет Кавана, денес ќе биде испрашуван во Комисијата за правосудство на Сенатот. Пред истата комисија ја изложи неговата судска филозофија според која судиите треба да го толкуваат законот, а не да донесуваат закони.

Кавана ги искажа овие зборови на почетокот на процесот за потврдување, за кој претседателот Доналд Трамп се надева дека ќе резултира во тоа Кавана да биде потврден како деветти член на САД, Брет Кавана.

Се очекува сенаторите да покренат прашања за абортусот, афирмативната акција, извршната власт и конфликтот меѓу религиозните верувања и правата на хомосексуалците. од кои ќе зависи дали Кавана ќе се придружи на судот.

Вчерашната постапка за потврдување започна хаотично. Демократите се обидуваа да го одложат сослушувањето, а демонстранти искажаа гласни несогласувања во врска со номинацијата.

Кавана околу седум часа ги слушаше републиканците и демократите кои зборуваа за и против неговото приклучување на судот, пред Кавана да добие шанса да се обрати до панелот.

„На Врховниот суд никогаш не треба да се гледа како на партиска институција“, рече Кавана.

Тој рече дека за време на неговата 12 годишна кариера како федерален апелационен судија решил повеќе од 300 случаи.

Се очекува расправата за номинација да трае уште неколку дена, на која демократите, најверојатно, ќе се обидат да го прикажат Кавана како лојален со Трамп и дека тој ќе ја следи конзервативна агенда на Врховниот суд.

Додека републиканците најверојатно ќе се обидат да го прикажат Кавана како независен и принципиелен правник.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG