Номинацијата за Врховниот суд Брет Кавана денес се соочува со распарава за негова потврда во Сенатска комисија за правосудство, која претседателот Доналд Трамп се надева дека ќе доведе до цврсто конзервативно мнозинство.
Сослушувањето почнува со воведни изјави од Кавана и членовите на Комисијата.
Кавана в среда ќе треба да добие директни прашања за различни теми, вклучувајќи го неговиот став во врска со абортусот, правата на хомосексуалците и моќта на претседателот.
Белата куќа се надева дека целиот Сенат ќе го потврди 53-годишниот Кавана, кој ќе треба да го пополни местото на пензионираниот судија Ентони Кенеди, кога Врховниот суд почнува со работа на први октомври.
Но, демократите најавија дека ќе се борат против оваа номинација, поради страв дека доживотното назначување на Кавана ќе може да доведе до крајно конзервативен суд со генерации.
Се очекува да го опишат како некој што е многу близок до претседателот, и кој ќе има конзервативна агенда, за разлика од републиканците, кои пак ќе се обидат да го најават како принципиелен судија со независно мислење.
Едно од главните прашања со кои ќе се соочи Кавана е неговата позиција за абортусот и ставовите околу извршната власт, поради неговите претходни изјави дека претседателите треба да бидат ослободени од граѓански тужби и кривични истраги за време на нивниот мандат.
Facebook Forum