Претставничкиот дом денес треба да гласа дали да го отфрли ветото на претседателот на САД Доналд Трамп, за да се поништи неговата декларација за вонредна состојба на јужната граница.
Сепак, шансите да се обезбеди двотретинско мнозинство за ова да успее се мали.
Трамп прогласи вонредна состојба на јужната граница во февруари, нагласувајќи дека се работи за хуманитарна криза, со цел да обезбеди средства за изградба на ѕидот со Мексико.
И Претставничкиот дом и Сенатот донесоа закон со кој се отфрла ваквиот потег, велејќи дека одлуките за трошење на Буџетот треба да бидат донесени од Конгресот.
Ветото на Трамп е прво откако тој стана претседател во 2017 година.
Facebook Forum