При нејзината прва официјална посета на САД, белоруската опозициска лидерка Светлана Тихановскаја се надева да го поттикне Вашингтон да делува кон поддршка на демократските активности и граѓанското општество во нејзината држава.
„Ги повикувам САД да бидат со нас“, рече таа во интервју за Гласот на Америка, нагласувајќи:
„Многу е важно кога режим уништува се` во Белорусија, ги уништува медиумите, сите организации, од огромна важност е да се поддржат сите овие луѓе“.
Тихановскаја се сретна со поддржувачи во главниот град Вашингтон, а закажани се средби во Белата куќа, Стејт департментот, членови на Конгресот и во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
„Сакам САД да ја држат Белорусија на агендата. Мојата главна цел е да разговарам за Белорусија, за ситуацијата со ескалација на насилството од страна на режимот“, рече таа.
Тихановскаја мораше да ја напушти Белорусија со нејзините две малолетни деца по бруталниот напад на мирните демонстранти по изборите во август минатата недела.
Претседателот Александер Лукашенко прогласи победа шести пат по ред.
Еден од најголемите проблеми за демократска Белорусија и лично за Тихановскаја е ослободувањето на повеќе од 500 политички затвореници за време на ланските протести. Нејзиниот сопруг е еден од нив.
„Единствен начин како да се ослободат затворениците е да се стави политички и економски притисок врз Белоруската влада, и сигурна сум дека тоа ќе се случи брзо“, вели Тихановскаја.
Набљудувачите велат дека нејзината посета на САД одблизу ќе ја следи рускиот претседател Владимир Путин кој сака да има значително влијание врз рускиот источен сосед.
„Тој не сака да го види колегата автократ да падне, и сигурно не сака да види развој на демократии на руската граница“, изјави Џонатан Кац од Германскиот марашалов фонд во Вашингтон.
Дел од политичарите во САД веруваат дека можеби има можност да се направи Лукашенко помалку атрактивен во очи на неговиот руски колега.
„Нема мазен однос меѓу Русија и Белорусија одреден период“, рече демократскиот сенатор од Мериленд Бен Кардин.
Законодавците веруваат дека зголемениот политички и економски притисок врз Лукашенко би можел да го направи послаб, како и да го направи прескап за поддршка, дури и од сојузници како Путин.
САД, Европската Унија и други, воведоа санкции за белорускиот режим на крајот на јуни, но граѓанските организации и медиуми беа погодени со уште еден бран неосновани апсења минатата недела.
„Верувам дека режимот ќе ги ослободи политичките затвореници кога ќе се соочи со политички и економски притисок“, рече Тихановскаја.
Facebook Forum