И натаму потреба од информатички кадар во САД
Истражувачкиот центар Пју неодамна објави студија според која Азијците ги надминале латино-Американците како најбрзо растечко имигрантско население во САД. Ова е прилог од американскиот Среден Запад, каде азиските имигранти последнава деценија го пополнуваат вакуумот од високообразовен кадар.