Линкови за пристапност

Нова глобална кампања на УНХЦР: Како изгледа да се биде во чевлите на бегалец?


Агенцијата за бегалци на ОН со новата кампања ги поттикнува луѓето на фитнес потфати за минување на километражата што бегалците ја минуваат секоја година бегајќи од опасни ситуации

Кампањата сака луѓето да излезат од нивната зона на комфор и да видат што значи да се биде бегалец. Ги повикува да го поминат растојанието што го минале бегалците бегајќи пред закана по нивниот живот.

Агенцијата за бегалци на ОН проценува дека бегалците патуваат две милијарди километри секоја година за да стигнат до точка каде се безбедни. Портпаролот на Агенцијата, Бабар Балок за Гласот на Америка изјави дека ги охрабрува луѓето да пешачат, да трчаат или да возат велосипед за да постигнат слична километража.

Тој вели дека за следење на напредокот, на располагање е апликација за фитнес или њеб страницата на кампањата: (www.stepwithrefugees.org)

„Идејата е да се се врати солидарноста за каузата на бегалците“, рече Балок. „Пешачење, трчање и возење велосипед се здрави активности, но бегалците тоа не го прават за забава. Тоа го прават за да избегаат од опасна ситуација.“

Балок забележа дека сириските бегалци минуваат 240 килиметри да стигнат до Турција. Јужносуданските бегалци патуваат 640 километри да стигнат до Кенија, а бегалците од Рохинга во Бурма треба да поминат 80 километри да стигнат до Бангладеш.

УНХЦР повикува луѓе од Африка, Азија, Централна и Северна Америка и Блискиот Исток да се приклучат на кампањата. Учесниците може да бараат спонзорство за собирање средства за каузата на бегалците. Агенцијата се надева да собере повеќе од 15 милиони долари на овој начин, што ќе покрие трошоци за регистрација и прифатни услуги за бегалците, како и за обезбедување вода, храна, засолниште и друга основна помош.

УНХЦР известува дека рекордни 68.5 милиони луѓе се насилно раселени низ цел свет, вклучувајќи 25.4 милиони бегалци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG