На пазарот на работна сила минатиот месец биле отворени 175.000 нови работни места, но невработеноста сепак се зголемила од 7,5 на 7,6%., според најновите владини податоци.
Бројот на работни места ги надмина очекувањата на повеќето аналитичари. Па сепак, економистот Марк Витнер од банката Велс фарго за Гласот на Америка изјави дека повеќето од нив се ниско платени, што претставува своевидна негација на поволната вест.
Белата куќа, пак, коментираше дека во американската економија се отвораат нови работни места 39 месеци по ред, од што само годинава - речиси еден милион.
Но, невработеноста во САД и натаму останува над повеќегодишниот просек од 5,8%, иако е на најниско ниво последниве четири и пол години, пред земјата нагло да западне во економска криза.