Линкови за пристапност

Се намалуваат хуманитарни програми за бегалците


Агенцијата за бегалци при Обединетите нации наведува дека оваа година сериозно мора да ги намали виталните програми за помош на милиони бегалци, бидејќи добиле единствено нешто повеќе од половината од 8.2 милијарди долари наменети за хуманитарни операции

Рекордни 68.5 милиони луѓе во светот се присилно расселени, 25.4 милиони од нив се бегалци. Додека бројот на расселени поради конфликти и прогонство расте, Агенцијата за бегалци при ОН забележува дека средствата потребни за грижа за бегалците се намалуваат.

Портпаролот на УНЦХР Бабар Балош вели дека ова го зголемува страдањето на бегалците и меѓународно расселените лица. Со лимитирани средства, тој вели дека приоритет мора да се даде на животно спасувачките операции, храната, засолништето и здравствената грижа.

За Гласот на Америка вели дека дури и овие ставки се скратени. Како последица, вели дека во многу ситуации се зголемува нивото на неухранетост на бегалците, здравствените објекти се пренатрупани, додека засолништата се распаѓаат. Тој го наведува Бурунди како пример.

,,Децата кои како бегалци го напуштија Бурунди и се во соседните земји, се присилени да одат во натрупани училишта или да следат часови под сенките на дрвата. Исто така тоа влијае и на интервенциите за заштита и поддршка на децата кои немаат придружба и жртвите на сексуална злоупотреба и насилство”, вели Балош.

Според извештајот на УНЦХР Бурунди, Демократската Република Конго, Авганистан, Јужен Судан, Сирија и Сомалија се најтешко погодени од кризата на фондовите.

На пример во Бурунди се наведува дека бегалците немаат доволно храна за да ги прехранат своите семејства поради рационалните кратења. Во Демократската Република Конго погодена од конфликти и во земјите каде има бегалци од Конго, младите луѓе не се во можност да најдат работа и да се едуцираат.

УНХЦР наведува дека речиси 12 милиони сириски бегалци и меѓународно расселени лица се во лоша ситуација бидејќи достапните средства се доволни единствено за минимумот кој им е потребен да преживеат.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG