Линкови за пристапност

По повод Светскиот ден на населeнието, Светската организација препорачува инвестирање во добросостојбата на адолесцентите


По повод Светскиот ден на населнието, Свертската организација препорачува инвестирање во добросостојбата на адолесцентите

Од населението на Земјата две милијарди денес се млади. Ова е голема бројка и не може лесно да се игнорира.

Сепак, младите се маргинализирани и се цел на некои од најлошите злоставувањања во многу држави.

Фондот за население на Обединетите нации објави дека 515 милиони адолесценти и млади на возраст од 15 до 24 години, живеат на помалку од два долари на ден.

Две од три земји, пак, не ги вклучуваат младите при донесување на клучни политички одлуки кои влијаат на нивните животи.

Агенцијата вели дека младите се соочуваат со многу предизвици, посебно во сиромашните земји во развој од Африка и во Азија, каде нивниот број е огромен.

Лук де Бернис, акушер и висок советник за мајчинско здравје во Фондот за население на Обединетите нации вели дека милиони млади кои влегуваат во пубертет претрпуваат физички промени и стануваат ранливи на злоупотребата на човековите права.

„Особено девојчињата се се во висок ризик да бидат принудени на секс. Знаеме дека 10 проценти од таквите на првото сексуално искуство им е принуден секс пред 16-татагодина, подоцна имаат компликации со рана бременост и абортус“, вели де Бернис.

Глобалните статистички податоци на Обединетите нации говорат дека повеќе од 15 милиони девојчиња на возраст од 15 до 19 години раѓаат секоја година. Според ОН, предвремените бракови, бремености и раѓања се причина за висока стапка на смртност кај мајките во земјите во развој.

Истражувањата покажуваат дека повеќе од два милиони млади, на возраст меѓу 10 и 19 се заразени со ХИВ, болест што понекогаш се поврзува секс без согласност.

Доктор де Бернис вели дека му требале години работа во земји во развој за да сфати дека не постојат места каде што девојчињата можат да бидат безбедни.

„За жал, многу често не се безбедни ниту во семејствата “, вели тој, додавајќи дека не се безбедни ниту на улица ниту во училиште.

Де Бернис вели дека здрави, образовани и продуктивни млади луѓе можат да помогнат да се прекине кругот на меѓугенерациска сиромаштија и на тој начин да придонесат за доброто на сите.

„Фондот за мајчинско здравје, заедно со владите на овие држави и со граѓанскиот сектор, работи на промоција на сексуалното образование, како и на подобрување на квалитетот на службите за сексуално и репродуктивно здравје“, вели тој.

Доктор де Бернис вели дека поговорката „децата треба да се гледаат, но не и да се слушаат“ е погрешна. Владите треба да го слушаат гласот на младите луѓе, вели тој, да ги почитуваат и да сфатат како може сите други да имаат корист од придонесот на младите во развојот на нивната земја.

XS
SM
MD
LG