Линкови за пристапност

ОН почнаа преговори за забрана за нуклеарно оружје


САД, Британија, Франција и околу 20 други земји кои поседуваат вакво оружје, се спротивставија на потегот

ОН почнаа преговори за меѓународна забрана за нуклеарно оружје.

Високиот комесар на ОН за разоружување Ким Вон-со, кажа дека нуклеарното оружје претставува „егзистенцијална закана за човештвото“ и дека потребата за разоружување, никогаш не била поитна.

САД, Британија, Франција и околу 20 други земји кои поседуваат нуклеарно оружје, се спротивставија на забраната.

Доколку земјите-членки на ОН постигнат договор за забрана на нуклеарно оружје, ќе се однесува само на земјите коишто ќе го ратификуваат.

Минатата година за почеток на овие разговори гласаа преку 120 земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG