Македонскиот претседател Ѓорге Иванов и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун денеска остварија средба на маргините на Генералното собрание на ОН, на која, според првичните информации од обете страни, разговарале за придвижување напред во преговорите околу името меѓу Македонија и Грција.
„Средбата што ја имавме денес со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун беше можност тој лично да информира за неговиот ангажман во спорот што го имаме со Република Грција. Како што знаете за време на неговата посета на Македонија, тој вети дека лично ќе разговара со премиерот на Грција Самарас и на оваа средба тој ме информираше за содржината на неговиот разговор што го имале и за тоа што било договорено меѓу нив. Средбата, која беше навистина содржајна, беше можност и за взаемно информирање за актуелните настани и прашања поврзани со спорот што го имаме со Грција”, изјави Иванов по средбата.
Според кусото соопштение на Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН, пак, Бан и Иванов разговарале за редица прашања, а меѓу нив и за состојбата во која се наоѓаат преговорите за спорот околу името меѓу Македонија и Грција.
“Генералниот секретар ја повторил важноста од придвижување кон одлуки што ќе го разрешат прашањето експедитивно и на обострано прифатлив начин“, стои во соопштението.
Според Иванов, македонската страна на средбата потенцирала „дека е неопходно Грција да се придржува до рамката во која се водат овие разговори, односно да се почитуваат резолуциите на ОН, Времената спогодба и сега пресудата на МСП.“
„Секое отстапување од оваа рамка доведува до бескрајно водење на овие разговори кои никогаш не можат да доведат до решение ако се навлегува во идентитетски прашања за кои никој на овој свет не разговара или пак сака некој да му го оспори неговиот идентиет. Ако се отвораат прашања како што е сега актуелно со историјата, тоа се прашања за историчари, за универзитети. Ние имаме реален спор, со една резолуција која бара од нас да разговараме за
разликата околу името. Тоа беше разговарано со генералниот секретар. Тој вети дека повторно ќе разговара со господинот Нимиц, за да може да се интензивира сега оваа дебата која ја имаме 19 години. Ние како држава не можеме да чекаме уште 19 години, да се истоштуваме во еден ирационален спор кој е единствен во историјата на ОН“, изјави Иванов.
Македонскиот претседател доцна попладнево во Њујорк ќе присуствува на отворањето на новите простории на Европската унија во ОН, церемонија со која ќе раководат претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и високиот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.
Утре претпладне, во првиот дел од сесијата, Иванов ќе се обрати пред Генералното собрание, а планирана е и средба со специјалниот посредник на ОН во преговорите за името Метју Нимиц.