Линкови за пристапност

ОН за средбата Бан Ки-мун - Ѓорге Иванов


Генералниот секретар ја повторил важноста од придвижување кон одлуки во спорот околу името.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната средба на маргините на Генералното собрание разговарале за редица прашања, а меѓу нив и за состојбата во која се наоѓаат преговорите за спорот околу името меѓу Македонија и Грција, според кусото соопштение на Канцеларијата на портпаролот на Генералниот секретар на ОН.

“Генералниот секретар ја повторил важноста од придвижување кон одлуки што ќе го разрешат прашањето експедитивно и на обострано прифатлив начин“, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG