Линкови за пристапност

Њујорк: Средба Иванов - Нимиц


Њујорк: Средба Иванов - Нимиц
Њујорк: Средба Иванов - Нимиц

Иванов го информирал Нимиц за позицијата на Македонија

Има зголемено чувство на доверба дека проблемот може да биде решен со дијалог на многу високо ниво, меѓу лидерите на двете земји, го пренесуваат медиумите посредникот на ОН Метју Нимиц по средба во Њујорк неделата навечер со шефот на македонската државата Ѓорге Иванов.

Македонскиот преговарач, амбасадорот на РМ во Вашингтон, Зоран Јолевски, за Гласот на Америка изјави дека претседателот Иванов го информирал Нимиц за позицијата на Македонија:

„Беше истакната определбата на Македонија за што поскоро прифаќање на взаемно прифатливо решение во кое идентитетот на македонските граѓани ќе биде зачуван. Исто така, беше разговарано дека процесот под покровителство на ОН и медијаторот Нимиц треба да се искористи за изнаоѓање на решение“.

На дневниот ред на Нимиц понеделникот е средба со грчкиот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас. Во Њујорк е и премиерот Јоргос Папандреу, кој неделата во седиштето на ОН разговарал со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун. Во кратката изјава за грчките медиуми, ја повторил позицијата дека Атина сака решение што е обострано прифатливо и побарал подготвеност за тоа од македонска страна.

XS
SM
MD
LG